Во Градскиот парк во Скопје, во делот кај сцената „Лепеза“, на 3 март од 12 часот ќе се одржи првото издание на „Сепак се врти“, потполно независен DIY фестивал на колективот „Гола Планина“.

Додека градот се дави во сопствената статика, овој фестивал е тука да докаже дека светот не се врти околу скопската ентропија“, потенцираат од „Гола Планина“.

Присуството е бесплатно, но заинтересираните можат да го поддржат фестивалот со тоа што ќе си купат „карта-стикер“ во „Котур“, „Буква“, „Олд Скул“, „Микропаб“, како и со донации на самиот настан.

Најавени во музичката програма се: АТА, Црно Собрание, Conspiracy, Ендемски Вид, Јоана Ристеска, Кокиче, Кенопсија, КЕМ, Lost in Reverie, Огнен Златанов, Peach Vice и Vagina Corporation.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.