Тој е од оној вид луѓе на кои автоматски им верувате. Едноставно, неговото меланхолично лице влева доверба. Човек е кој го почитува длабоко минатото и не ги заборава лекциите на кои тоа го научило. Патриот кој останува доследен на себе. Тврдоглав е, лесно ќе ве збуни, а сепак, соговорник покрај кого се чувствувате опуштено. Делува помладо од своите години (48). Ги обожува Вивалди, Ниче…
Тој е еден од најхаризматичните на македонската музичка (и забавна и фолк) сцена. Романтичен сонувач, но и доволно разумен и практичен. Барем, така се чини…
Вака новинарката Бранка Н. Доневска го започнува интервјуто за „Екран“ со легендарниот Гоце Николовски, направено 1995 година.
Може ли со тоа да се објасни и таа тага, што просто „зрачи“ од Вас?
Веројатно, еден дел. Како што веројатно, еден дел од таа тага е вродена. Само, кога бев помлад, тоа не се забележуваше толку. Како стареам, таа се зголемува. Јас сум сериозен човек, кој дадениот збор го сфаќа како животна обврска. Што значи, сите сериозни луѓе се тажни. Зашто, ретко кој се држи до ветеното!
Не сум песимист и не го сакам песимизмот, тој е многу деструктивен. Умеам да го одвојам позитивното од негативното. Сакам да гледам во иднината, не му робувам на минатото кое знае да растажи. Можеби повеќе во мене има меланхолија отколку тага, која пак е последица на работите што ми се случија последниве години.
Сепак, јас сум мошне среќен човек, бидејќи се остварија некои од моите најголеми желби и цели. Значи, јас сум некаков си, позитивно тажен човек.
Како оние „легендарни осамени јавачи низ пустината“…
Добро е кога не рековте, на Дон Кихот!
Не знам на кого потсетувам! Знам дека тоа што го правев во својот живот – вредеше. Дека имаше смисол, дека не одев против себе, против своите чувства. Јас сум јас. Па бил и осамен јавач во некоја пустина. Што и не е така лошо…
Не е, но осамените први умираат…
Да, ама барем знаат зошто!
Целото интервју тука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.