Гитарата на фронтменот на Нирвана, Курт Кобејн, продадена e на аукција во петокот во САД за повеќе од 1,5 милиони долари.

Сината електрична гитара „Скајстанг и Фебдер Мустанг“ на која Кобејн свиреше за време на неговата последна турнеја е продадена за повеќе од 1,58 милиони долари (1,45 милиони евра) во Нешвил.

За повеќе од 400.000 долари беа продадени искинатите фармерки кои Кобејн ги носеше во спотот за песната „Хартшејпд бокс“, за кој му беше доделена наградата МТВ видео мјузик аворд. Панталоните беа проценети меѓу 10.000 до 20.000 долари.

Аукцијата беше дел од тридневната аукција „Играни, носени и искинати: рокенрол иконски гитари и сувенири“ на која беа претставени повеќе од илјада предмети од музичките великани како Кобејн, Ерик Клептон, Елвис Присли.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.