На 19 октомври (сабота) со почеток во 20.30 часот како дел од европската турнеја во Големата сала на Македонска Филахармонија за прв пат во Македонија ќе настапи германскиот пијанист Лука Шестак.
Пијанист и композитор,кој е светски признат по својата виртуозност, комбинирајќи класична музика со џез, поп, блуз, фанк, хип-хоп и електронски стилови . Со неверојатни 30+ милиони прегледи на неговиот You Tube канал, а воедно и добитник на меѓународни престжни награди во областа на музиката слободно може да се каже дека ѕвездата е родена.
По неговото издание во 2020 година на синглот „ Right or Wrong” за Sony Music, Шестак се враќадо неговите корени со албумот „Lighter Notes ” со кој и премиерно ќе се претстави на македонската публика.
„Во текот на годините, мојата музика беше под влијание на џез, фанк, поп, блуз, хип хоп и електро битови. Со „Lighter Notes” сакав да создадам албум кој ги прикажува овие влијанија, но не е „вообичаениот” албум со џез звук што може да се очекува”, ќе изјави Шестак.
„Тоа е повеќе судир помеѓу жанровите и звучните светови”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.