Општина Валандово го објави Меѓунродниот конкурс за избор на композиции за 37. издание на фестивалот на новосоздадени македонски песни „Фолк Фест Валандово 2024“.

На конкурсот можат да учествуваат домашни и странски автори и изведувачи, кои ги исполнуваат пропишаните услови, а сите заинтересирани учесници се должни да достават оригинална композиција, изработена во духот на македонската народна музика, напишана на македонски јазик.

Конкурсот е објавен на веб страницата на Општина Валандово, а апликациите се поднесуваат во архивата на Општината најдоцна до 15 февруари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.