Петтото издание на FAME’S Institute Unplugged сесиите ќе се одржи денес со почеток во 20:00 часот во „Котур“.

На овој уникатен концерт ќе имате прилика за првпат да слушнете класична музика на подрумската сцена во КОТУР и да ја слушнете одличната програма за камерна музика која ја подготвуваат студентите на FAME’S Институтот од различни европски земји, под менторство на светски реномираниот виолист Питер Барсони и диригентот Јоаким Бадиа @joaquim_badia, како дел од активностите во рамки на нашите мајски семинари, се вели во објавата од огранизаторот.

 

Влезот е слободен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.