Британскиот поп-пејач и тапанар Фил Колинс (71) го одржа својот последен концерт во Лондон. Тој настапи со Мајк Радерфорд и Тони Бенкс, колеги од бендот „Џенезис“.
Веќе изнемоштениот музичар го мина целиот настап седејќи на столче. Збогувањето со публиката беше емотивно, но и смешно – во еден миг тој се пошегува дека „по пензионирањето од музиката ќе мора да бара друга работа“.
Групата „Џенезис“ е основана 1967 година, а светската слава ја стекна во 1970-тите. Но, Колинс имаше и завидна соло кариера во 80-те и 90-те години од минатиот век. Некои од неговите најпознати хитови се „In the Air Tonight“, „One More Night“ и „Another Day in Paradise“.
Физичките маки на пејачот датираат од 2009 година кога несреќно ги згмечил пршлените на рбетот. Последователните операции не ја подобрија ситуацијата, туку предизвикаа оштетување на нервите. Згора на тоа, на музичарот му се појавија и проблеми со дијабетесот и пад при кој незгодно ја повреди главата во 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.