Парамаунт Глобал денеска соопшти дека го откажа доделувањето на Европските музички награди на МТВ (ЕМА) за 2023 година во Париз, наведувајќи ги како причина „нестабилните светски настани“ за време на конфликтот во Израел и Газа.
– Со оглед на нестабилноста на светските настани, решивме да не продолжиме со MTV EMA наградите за 2023 година поради грижа за илјадниците вработени, членови на екипата, уметници, обожаватели и партнери кои патуваат од целиот свет за да учествуваат на доделувањето, се вели во соопштението.
Музичкиот настан требаше да се одржи на 5 ноември во парискиот Норд Вилепинте.
– Додека гледаме како продолжуваат да се одвиваат разорните настани во Израел и Газа, ова не изгледа како момент за глобална прослава. Илјадници луѓе веќе загинаа – ова е момент на жалост. Со нетрпение очекуваме повторно да бидеме домаќини на MTV EMA наградите во ноември 2024 година, објави Парамаунт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.