Поп-ѕвездата Елтон Џон  штотуку стигна до статусот „EGOT“, приклучувајќи се на ексклузивната група луѓе кои ги освоија сите четири главни награди за забава – Оскар, Еми, Тони и Греми.

Џон синоќа не можеше да присуствува на церемонијата воЛос Анџелес, но продуцентите на неговото шоу во живо ја примија наградата во негово име. Во својот говор, извршниот продуцент Бен Винстон рече дека Џон го создал „саундтракот за сите наши животи“ и дека е „сите наши херои“.

Не знаевме дека тоа ќе биде историско, рече тој. Не знаевме дека тоа ќе му донесе EGOT.

Еден од најпопуларните кантавтори на сите времиња, Елтон Џон, лани, во јули, ја заврши својата маратонска проштална турнеја во Стокхолм со еден од неговите најголеми хитови – „Goodbye Yellow Brick Road“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.