Водечкиот светски продуцент и диџеј, Пол Калкбренер (Paul Kalkbrenner) пристигнува во белградската Арена, во организација на „Егзит“ Фестивал и „Тумороу“ конференцијата, во петок, 12 мај! Оваа мегаѕвезда на електронската музика, покрај полните стадиони и најголемите концертни сали во Европа, има запишано и настап пред повеќе од пола милион луѓе во Берлин, што гарантира дека спектаклот во големата „Штарк Арена“ ќе биде една од најбараните журка оваа година во регионов, во ранг на најголемите рок концерти!
Овој втор по ред „EXIT Dance Arena Belgrade Takeover“, воедно ќе го отвори и новото издание на „Тумороу“ (Tomorrow) конференцијата, која по Дубаи се враќа во Белград, овој пат во најголемата сала во Југоисточна Европа. „Егзит“ со ова продолжува и да ги подготвува фановите за едно од најсилните изданија на „Денс Арена“ на овогодишниот „Егзит“ Фестивал, по успешната журка минатиот викенд, на која 5.000 фанови танцуваа со „Хот Синс 82“ (Hot Since 82).
Продажбата на влезниците за настапот на Пол Калкбренер во „Штарк Арена“ е веќе започната од денеска, понеделник, 3 април на пладне! Во понудата ќе се најдат регуларни, ВИП и „ВИП+ Он-стејџ“ влезници и се очекува дека првиот, многу ограничен контингент, ќе биде распродаден за само неколку часа!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.