Музиката секогаш играла многу важна улога во филмовите на Џим Џармуш. Неговиот „Куче-дух: патот на самурајот“ го придружуваше музиката на Ву-Танг Клан. Антологиски се сцените во кои Том Вејтс и Иги Поп импровизираат дијалог за кафиња и цигари во истоимениот филм, а Нил Јанг има снимено гитарски солоа за саундтракот на „Мртов човек“. Има режирано и документарец за „Стуџис“.

Филмскиот херој на голем број генерации вели дека филмската индустрија е мртва и се свртува кон нешто што всушност и отсекогаш му било љубов – музиката. Новиот албум е во сличен стил, со музика која е опишана како „бавногоречки дрон рок“. На него како гости се појавуваат Шарлот Гејнсбур, Аника и гитаристот Марк Рибо.

Освен што ќе снима албум, Џармуш и ќе настапува со дуото, на пример на фестивалот Метдаун, каде тие ќе изведуваат музика во живо за надреалистичките филмови на Ман Реј.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.