На 19 јануари 2024 година, во Макка бар во Скопје, со почеток во 13:00 часот, ќе се одржи Џез-матине на Скопскиот џез фестивал со промоција на новите календари за 2024 година и концертeн настап на Тони Китановски Трио.
Новиот проект на Тони Китановски „Afro Gitano“ содржи елементи на електро-акустична, џез и импровизирана музика. Тематски е своевидна симбиоза на музиката на македонските роми и големата музичка култура на Африка, особено оној дел кој поради преселбите или колективната музичка потсвест е најблиску до музиката на Балканот. Гоце Трпков е електронски музичар, ди-џеј и продуцент кој снимените аудио материјали ги процесира на свој специфичен начин, креирајќи идеална подлога за тапаните на Виктор Филиповски и гитарската изведба на Тони Китановски, која е, главно, импровизирана. Снимањето на овој нов авторски проект на Китановски се одвиваше на три континенти: во студијата на Киншаса, Торонто, Кан, Виена, Скопје и Калабрија, а фестивалската премиера беше изведена во Копенхаген.
Тони Китановски – гитара
Виктор Филиповски – тапани
Гоце Трпков – диџеј
Влезот е слободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.