FAME’S Студиото во Македонија од 2007 година се занимава со снимање оркестарска музика за филмови, документарни филмови, реклами итн. Соработува со врвни клиенти, композитори и продуценти од Холивуд, Боливуд, Нетфликс, а музиката којашто е снимена во ова студио има добиено повеќе награди на светско ниво, ставајќи ја Македонија на мапата на светските културни настани и случувања.

Од 2022 година, во рамките на FAME’S студиото, започна со работа и FAME’S Институтот, кадешто учествуваат студенти од цела Европа, кои снимаат во студиото под менторство на реномирани имиња од музичката индустрија.

Како завршен концерт на оркестарскиот курс “Кард Блаш” е токму концертот кој ќе одржи во четврток на 23-ти мај 2024, со почеток во 20 часот во Студиото на FAME’S. Оркестарот е составен од млади талентирани музичари од цела Европа, предводени од познатата композиторка, диригентка и продуцентка Дајен Луи од САД и шармантната пејачка Џони Фиори од Велика Британија.

На програмата на овој концерт ќе бидат изведени композиции од различни музички жанри, од класична, џез и поп музика. Оркестарот, заедно со Џони Фиори, ќе изведе композиции од Григ, Чајковски, Елингтон многу други.

Влезот е бесплатен, но поради ограничениот број на места во студиото, Ве молиме да го резервирате вашето место на меилот: [email protected]

Дајен Луи е композиторка/текстописец и класично обучена диригентка која има работено со некои од најпознатите имиња, вклучувајќи ги Стиви Вондер, Лајонел Хемптон, Снуп Дог, Тони Бенет, Доли Партон, Ненси Вилсон, Боб Дилан, Пласидо Доминго, Кристина Агилера и многу повеќе. Дајан Луи диригира оркестри ширум светот, вклучувајќи ги Лондонската симфонија, Бостонската симфонија, симфонијата на Сан Франциско, Детроитската симфонија и Кралската филхармонија. Таа има напишано песни и специјален материјал за Academy Awards, Emmys, Grammys, Image Awards, Miss America, HBO’s Happily Ever After, Fame and Friends.

Гласот на Џони Фиори се слуша во филмови, реклами и видео игри, проекти како кампањите на Кока-Кола и Американ Ерлајнс, темата на Пауер Ренџерс и на Дизниевиот Херкулес како дел од Трите музи. Дебитирајќи во Вест Енд во 125-та улица, Џони ја одигра лондонската улога на Мотормут Мејбел во „Лак за коса“, во режија на Џек О’Брајан.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.