Изминатиот период заедно со моите соработници и вработените во Општина Гевгелија, посветено работиме на секое поле и будно ги следиме потребите на граѓаните на Општина Гевгелија.Во таа насока, денес сме овде заради еден нов почеток на детскиот музички фестивал „КАЛИНКА“,заради преродба на една традиција која за жал долги години беше згасната, вели градоначалникот на општина Гевгелија од ВМРО-ДПМНЕ, Андон Сарамандов.

Сарамандов го отвори детскиот музички фестивал КАЛИНКА и рече дека како градоначалник ан општината ќе ги подржи сите активности за организација на овој настан за најмалите.

Детскиот музички фестивал „КАЛИНКА“ се роди пред точно 31 година, во далечната 1992 во Гевгелија. Фестивалот Калинка низ годините ја пишуваше својата музичка историја и прерасна во Гевгелиски бренд.

И јас како дете пораснав со песните од детскот фестивал КАЛИНКА, фестивалот имаше магија и ги правеше децата среќни и радосни.Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на ентузијастите кои ја создадоа КАЛИНКА и кои со љубов напорно работеа за овој детски музички фестивал. Денес од тука на мое и на огромно задоволство на сите граѓани на општина Гевгелија сакам да го најавам новиот почеток на детскиот музички фестивал „КАЛИНКА“ кој годинава ќе се оддржи во Народниот театар во Гевгелија, додаде тој.

-Јас како градоначалник на општина Гевгелија во целост ќе ги подржам сите активности за организација на овој прекрасен настан. Гевгелија и КАЛИНКА имаат богата традиција која во минатото оставила белег како на домашен така и на меѓународен план,а наша обрска е да продолжиме да ја негуваме оваа традиција, рече Сарамандов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.