Британскиот синт-поп бенд „Депеш мод“ го објави петнаесеттиот студиски албум. Насловот кој го носи овој албум е избран уште пред смртта на еден од основачите на групата – клавијатуристот Енди Флечер.

Смртта на Флечер на некој начин само потврди дека албумот треба да се вика така. Иако мислевме дека е добар наслов, сега мислиме и дека е фер да го наречеме така, изјави гитаристот Мартин Гор.

Флечер почина на 60-годишна возраст во мај 2022 година од ретка васкуларна болест. Иако некои го сметаат за спореден музичар во составот, тој беше врската меѓу двајцата лидери на бендот – Гор и пејачот Дејв Геан, кои „никогаш не биле најдобри пријатели на светот“.

Флеч беше тој што доаѓаше да ми каже „Мартин не сака ова или она“. Сега тој веќе не е со нас, па јас и Мартин мораме да разговараме. Моравме повторно да комуницираме и тоа го одбележа албумот, изјави Геан неодамна за западните медиуми.

Пејачот додаде дека Мартин при снимањето на албумот, имал впечаток дека „го пронашол одамна загубениот брат“, говорејќи за Гор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.