Музичкиот фестивал Андерфест ќе се одржи денеска со почеток од 20:00 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во музиката од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава.

За шестиот Андерфест организаторите најавија шест добро познати бендови кои ќе ја размрдаат публиката во Денсинг салата на МКЦ. На Андерфест 6 ќе настапат: Миа Перевска, Стефан Петановски, Basement Cult, The Mole Pack, Fiction, и Foolish Green.

Еден од врвните приоритети на фестивалот сеуште е да ги мотивира младите уметници да продолжат да креираат нови музички дела со кои ќе ги покажат своите големи таленти и вештини и воедно ќе ја промовираат нашата музичка култура и вон границите на нашата држава.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.