По точно 17 години од незаборавните концерти во култната „Универзална сала“, Дарио и неговиот придружен бенд „Миг 21“, ќе одржат ексклузивен концерт на 17-ти февруари во Македонската филхармонија. Концертот по повод 40 години континуирана успешна кариерата на пејачот кој ги опеа и радоста и тагата залеани и со „Дупла вотка“ и со „Ракија“, а сето ова во рамките на проектите со кои и „Авалон продукција“ слави 30 години постоење…
Единствените кои покажаа интерес да бидат поддршка за јубилејот на една од најуспешните и најголеми наши поп ѕвезди. Зашто државата нема „слух“, а град Скопје остана „глувонем“ за музиката на македонската музичка легенда…
Македонската публика ќе има можност, во блиска средба со македонската поп легенда, да ужива во многуте безвременски хитови изведени во живо со Миг 21, во уште поатрактивни аранжмани од студиските верзии. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (18-ти јануари) од 9 часот наутро онлајн на аvalon.mk и ширум продажната мрежа на Aвалон по цена од: 1.200 денари и Вип влезници по цена од 1.500 денари”, велат од Авалон продукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.