На 5 април (петок), во 21 часот, перкусионистот Гоце Стевковски се враќа на ново „џез-читање“ во „Кафе Литература“ („Дајмонд мол“). Овој пат, со своите удиралки, на тапаните и чинелите ќе ги „раскаже“ најубавите композиции од двата негови авторски албума – „Homage to a Dreamer“ и „7 Stories“.
Подгответе се за уште едно незаборавно листање на страниците на современата домашна џез-музика со „Читаме џез“, предводено од нашиот сѐ-лектор Џијан Емин. Овој петок ќе ја води нарацијата на клавијатури.
„Читаме џез“ е новиот концепт со музички настани што се одржуваат во „Кафе Литература“ во „Дајмонд мол“, во организација на „Литература.мк“ и радио „Џез ФМ“.

На едно место ги собира врвните музички уметници, како и новите откритија, од домашната и од регионалната сцена.
Секој втор петок домаќин на џез-сесиите е сестраниот музичар и диригент Џијан Емин, кој е задолжен за селекцијата на изведувачи и на програмата.
Настапуваат:

Џијан Емин – клавијатури
Гоце Стевковски – тапани
Кирил Кузманов – саксофон и флејта
Филип Динев – гитара
Дарко Мучев – бас-гитара

„Литература.мк“ во партнерство со радиото „Џез ФМ“ организираат низа музички настани во новото Café Literatura во „Дајмонд мол“.
Под мотото „Читаме џез“ започнува новиот концепт на „Литература.мк“, чија мисија е организација на најквалитетните музички настани со врвни музички уметници, како и нови откритија, од домашната и регионалната сцена преку кои сите присутни ќе може да ја истражуваат еволуцијата и мноштвото начини на кои џезот и книгите влијаат на културата.
Љубителите на читањето и квалитетниот звук ќе имаат можност да уживаат во овој несомнено храбар концепт кој би можел да се опише преку три едноставни, но многу силни и значајни зборови: „Литература, музика, култура“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.