На 6 мај ќе се одржи важна британска церемонија, крунисувањето на Кралот Чарлс Трети а во врска со протоколот веќе се објавени многу информации. Сепак, списокот на музичари се уште не е финализиран, a некои не ја прифатија поканата за оваа голема чест.
На програмата ќе учествуваат многу клучни британски музичари, но не и Адел и Ед Ширан. Имено, иако тие добиле покани да пеат на концертот во чест на новиот крал, сепак тие не ја прифатиле поканата, пишува Daily Mail.
Тие се извиниле што се зафатени и што не можеле да настапат на таа голема церемонија тој ден.
Tимот што се грижи за музиката им испрати покана, но тие рекоа дека не се во можност, што е големо разочарување. Тие се суштински членови на шоубиз индустријата и се суштински Британци, но и познати низ целиот свет. Штета што не можат да настапат – изјавил изворот за медиумите.
Сепак, тој ден засега не им е резервиран. Ед Ширан има концерт ден пред тој концерт, додека Адел нема ништо што е јавно.
Ако Ед Ширан има концерт во Тексас, на 6 мај, би можел да лета за Лондон со приватен авион, велат неговите обожаватели. Адел има концерти во Лас Вегас, но тие траат до 25 март.
Не е познато ниту дали Хари Стајлс добил покана, но британските таблоиди наведуваат дека и Чарлс би сакал да го види и слушне на тој концерт.
Во меѓувреме, на концерото по повод крунисувањето на британскиот крал се согласиле да пеат Лајонел Ричи и Спајс Грлс. На концертот ќе можат да учествуваат и граѓани, ѐ ќе бидат продадени неколку илјади билети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.