Познатиот Бос, легендарниот музичар Брус Спрингстин (73) ги загрижи обожавателите на настапот во Амстердам кога одеднаш само се струполи на сцената.

Имено, пејачот се сопна за време на една од изведбите додека се обидувал да се качи по скалите до бината во амстердамската арена „Јохан Кројф“.

Пејачот пормашил една скала и паднал, а фановите во тој момент останале шокирани, загрижени за музичарот.

Останатите членови на бендот веднаш му притрчале напомош и му помогнале со гитарата која му била околу вратот, а на крајот успеал да стане. Фановите здивнале кога пејачот станал со насмевка на лицето и бил пречекан со голем аплауз.

За среќа, при падот не се здобил со никакви повреди.

Спрингстин продолжил да свири и да пее со насмевка, а на сите им станала јасно дека му е добро и дека ова на крајот го насмеало.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.