Скопскиот брас квинтет вечер од 20 часот во малата сала на Филхармонија ќе одржи концерт насловен „Брас фантазија за Тоше”. На програмата ќе бидат најпознатите песни од дискографијата на Тоше Проески, преработени за лимени дувачки инструменти.
Како што соопштија од Скопскиот брас квинтет, идејата за овој концерт потекнува од минатите концерти на квинтетот со програма од различни популарни композиции од пејачи и групи како Битлси, Квин, Мајкл Џексон, Биџис…
Овие композиции се појавувале и низ образовниот процес на секој од членовите на квинтетот по предметот камерна музика. Оттука идејата за изработка на квалитетни аранжмани кои во себе ќе ја содржат музиката од познатите хитови што ги пееше Тоше, изведени од автентичниот звук на лимените дувачки инструменти преку креативното перо на Трајко Велков и Зоран Костадиновски. Предизвикот да се сработат партитурите и индивидуалните штимови е огромен, имајќи ја предвид нивната комплексност и виртуозност, преку кои аранжерите го покажуваат своето широко познавање за ваков тип ансамбл, соопшти квинтетот.
Нивните аранжмани ќе им бидат подарени на музички образовни институции со цел да влезат во редовната програма која идните студенти инструменталисти ќе ја изведуваат во своето школување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.