„Бјело дугме“ за новогодишната ноќ настапи во Херцег Нови, а Ален Исламовиќ на неговиот официјален Фејсбук профил објави дека по повод 50-годишнината на групата следува изненадување.

Луѓе, среќна Нова. Како Дугме во Херцег Нови, ја објавивме 50-годишнината на групата и тоа ќе биде големо изненадување за нашите фанови. Одиме со рок верзија и ограничен број концерти. Се гледаме – напиша Ален под неколку фотографии.

Останува да видиме дали има шанси да се собере ударната четворка на Дугмет по повод златниот јубилеј – со Младен Војичиќ Тиф и Жељко Бебек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.