Една од најпопуларните српски и југословенски рок групи, неверојатно квалитетните и легендарните „Рибља Чорба“, ќе одржат ексклузивен концерт во Македонија на 31-ви јули и тоа на најубавата локација за оваа пригода, а тоа е Античкиот театар во Охрид.

Публиката ќе има исклучителна можност да ги чуе безвременските песни на овој култен бенд со кој пораснаа многу генерации, но и бенд кој со сигурност остави траен печат во балканската рок историја. Секако дека ќе биде огромно задоволство за сите нас во Охрид да ги слушнеме хитовите како што се: „Lutka sa naslovne strane“, „Kad sam bio mlad“, „Pogledaj dom svoj anđele“, како и многу други.

Бора Чорба и неговиот бенд, ги повикаа сите нивни обожаватели под отворено небо, на добра журка која знаеме дека со нив е загарантирана, но и ветија дека тоа ќе биде уште еден добар и чесен концерт., впрочем тие не знаат за поинаку. Рибља Чорба со концерт на 31-ви јули, Антички театар Охрид, почеток 21:30ч. Бидете таму!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.