После незаборавните скопски концерти, „Balkan Media Production“ Ви гo претставува летниот охридски спектакл. За прв пат на голем open air концерт во Охрид, на 29-ти јули, ќе имаме можност и задоволство да го видиме и сигурно најсупериорниот вокал на балканот во моментов, маестралниот Ацо Пејовиќ. Се разбира, за неговиот фантастичен перформанс да се доживее како што треба, локацијата ќе биде „Билјанини извори“ кое е совршено место за ваков тип на концерти. Ацо Пејовиќ ќе настапи со песните кои ја одбележаа неговата кариера од почеток, па се до извонредните изведби на: „Da si tu“, „Sve ti dugujem“ и „Ponoc“, песна која ги руши сите рекорди на слушаност. Билетите се веќе пуштени во продажба и истите може да ги најдете преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Југотон, Розе Веро 2 и кај Аждер. Многу љубов, емоции и насмеани лица ги одбележуваат концертите на Ацо Пејовиќ, ништо поразлично нема да биде и овој пат. Се гледаме на 29-ти јули во Охрид на „Билјанини извори“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.