Македонската радио-телевизија по одржаната аудиција ги избра Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски за претставници на Република Македонија на годинашниот Јуниорски Евросонг, кој ќе се оддржи на 16 номеври 2024 година во Мадрид, Шпанија.
Ана Ванчевск е родена 2010 година во Битола, е извонредно талентирана млада пејачка која веќе се прослави со учество и освоени први места на голем број музички фестивали. Нејзиниот моќен глас и неверојатни изведби ја воодушевуваат публиката и судиите, прикажувајќи ветувачка иднина во музичката индустрија. Посветеноста и природниот талент на Ана ја прават извонреден изведувач и инспиративен млад уметник.
Таа годинава беше избрана за единствена претставничка на Македонија на престижниот меѓународен фестивал Сан Ремо Јуниор Италија.Покрај музичкиот успех, Ана е посветен ученик и добитник на бројни државни награди по математика, физика и француски јазик и е вклучена во реализација на многу проекти.
Алексеј Ивановски,е роден 2011 година, во Битола, е исклучително талентиран млад пејач кој учествувал и победил на бројни музички фестивали. Неговиот волшебен глас и импресивно сценско присуство го издвојуваат, правејќи го истакнат изведувач со светла иднина во музичката индустрија.
Алексеј е активен на бројни општински, регионални и државни натпревари по предметите математика, англиски и француски јазик, од каде има освоено голем број први места. Сака да плива, да шета во природа и да се дружи. Тој многу ги сака животните и дел од своето време посветува на грижата за нив.
Ана и Алексеј со својот извонреден талент и хармонични гласови го привлекуваат вниманието на љубителите на музиката насекаде. И покрај нивната возраст, имаат неверојатни гласовни способности кои никого не оставаат рамнодушен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.