Охриѓанецот со германска адреса на живеење кантавторот Александар Петрески по неколку снимени кавер верзии и преработки на познати песни, со своја авторска музика и текст ја промовира песната „Која си ти”.

„Со задоволство Ви ја претставувам мојата најнова авторска песна ”Која си ти”. Ја напишав минатото лето, една година ја свирев и пеев за себе, за да по некое време (тоа го правам со најголем дел од песните) по природен пат си добие свој карактер.

Музиката, текстот, аранжманот и миксот се мое дело. Голема благодарност до сите кои дирекно и индирекно ми помогнаа да го реализирам овој проект: Климент Симоноски – видео продукција, Ангела Ивановска – модел и Зоран Кречо  (“Krecho Sound Studio”) – мастеринг.

Видеото е снимено на неколку локации во Охрид.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.