Денес во Охрид, на летната сцена „Долни Сарај“, со почеток од 18:00 часот, ќе се одржи охридскиот вински салон „Над Езерото“.

Канео Ресторан како промотор на винската култура годинава има нов предизвик, да ги сплоти сите најзначајни македонски винарии и да го доближи македонскиот вински идентитет на домашната и странската публика. Настанот е наменет за сите љубители на вино, и претставници на ХОРЕКА секторот, кои ќе имаат можност за дегустација, едукација и размена на контакти.

 

Покрај македонските винарии и дестилерии на настанот ќе земат учество македонските локални производители на храна и претставници на Slow Food, а свој настап од 21:00-23:00 ќе има Агни Авшар квинтет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.