„Шарла Рекордс“ го претставува своето 75. издание во вид на албумот „Афионови полиња“ на истоимениот музички проект. Позади „Афионови полиња“ стои Давид Ангелевски, кој во уште една кантавторска авантура ги истражува музичките хоризонти надвор од неговиот матичен проект „Пиколомини“.
Иако лирски и интимен, албумот е општествено-политички свесен за времето и просторот во кој се случува. Рефлективен и ироничен, со умерена доза на хумор, но и доволно искрен во перспективата на човекот и неговите потреби во турбулентиот 21 век. Во тематскиот колаж се испреплетуваат теми за размножени реалности и лични загуби, политички илузии и теории на заговор, патриотизам, корупција и иселување на младите, љубов и завист, меланхолија и изневерени надежи, колективни фрустрации и глобални реперкусии. Музичкиот израз е во просторот помеѓу современата класична музика и популарната музика инспирирана од француската шансона, со примеси на џез и пост-панк влијанија во атмосферата и во исклучително колоритната звучна слика на материјалот.
Комплетен автор на сите 11 композиции е Давид Ангелевски, кој го потпиша и омотот на изданието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.