Познатиот американски рок бенд „Аеросмит“ во последен момент го откажал настапот во Лас Вегас пред два дена бидејќи пејачот Стивен Тајлер не можел да настапи, а причината е „мистериозна“ болест, како што дознаваат американските медиуми.
Со големо разочарување сме принудени да го откажеме вечерашното шоу бидејќи Стивен не се чувствува добро и не може да излезе на сцената“, преку социјалните мрежи бендот кусо ги информираше своите фанови.
Ако се подобри здравствената сосотојба на 74-годишниот Тајлер, не е исклучено концертот да се одржи следната недела.
Фронтменот на групата со години се бори со зависноста, а неколку пати бил на третмани за рехабилитација и детоксикација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.