Пред започнувањето на годинешното 7. издание на “Џез фактори фестивал“ во Битола во малата сала на Центарот за култура во Битола се одржа прес конференција на која зборуваа Иван Јерчиќ директорот на Народниот Театар од Битола, која се  јавува како кодомаќин на Фестивалот и професор Сашо Поповски – директорот и основач на “Џез фактори фестивалот“.

На сите ние е посебно драго што овој фестивал “Џез фактори фестивалот“ од година во година при влекува се поголем број на џез музиката во Битола, а фестивалот е за промоција на македонските уметници, но секоја година имаме и странски музичари, рече на отворањето на фестивалот портпаролот на “Џез фактори фестивалот“ Неда Маретиќ.

Професор Сашо Поповски – директорот и основач на “Џез фактори фестивалот“ за фестивалот кој ќе се одржи во Битола со настап на повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство рече:

-За седмото издание “Џез фактори фестивалот“ во рамките на нашите можности, како и секоаја година подготвивеме програма која е поделена на три вечери. Првата вечер е традионална вечер со традиционален џез. Втората вечер имаме авандардна современа џез вечер, а на третата вечер ќе се одржи вечер на експериментален џез. Ќе има вкупно шест концерти, но како и секоја година ќе имаме и настани кои ги подготвивме заедно со локалната културна заедница, со што ќе имаме вкупно девет концерти.

Поповски за придружните активности на “Џез фактори фестивалот“ додаде:

Исто ќе имаме и промоција на книгите “Радио“ и “Неправилен ритам“ на Љупчо Јолевски, заедно со краток сет на двајва врвни уметници од Македонија – Јордан Костов и Глигор Кондовски. Ќе се одржи и мастерс клас за улениците по пијано што е нова содржина за нас, како и тработилница за изработка на гитари. Ќе се одржи и “он-лајн“ конференција на Асоцијацијата на џез фестивали.

За годинашната награда која го носи името на џез доајенот во Битола “Гоце Димитровски“ која ја доделува “Џез фактори фестивалот“ истакна:

-За прв пат битолчанец ќе ја добие наградата, а тоа е Давид Скерлевски, на мое огромно задоволство.

Иван Јерчиќ на денешната прес конференција рече:

-Шеста година ние како Народен театар во Битола се дружиме со “Џез фактори фестивалот“, од која една година бевме заедно на отворено, што беше во време на корона и имаше огромна посетеност. Ние сме горди што Поповски повторно не избира да бидеме домаќини, а ние со сите наши ресурси го подржуваме “Џез фактори фестивалот“. “Џез фактори фестивалот“ полека, но сигурно гради еден мост помеѓу Европа, светот и Битола, секада каде работи во текот на годината. Сето ова Битола ја става на мапата на фестивали кои ја третираат џез музиката, а џезерите создаваат пријателства, а во Битола се случуваат концерти од светски размери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.