Триесет и осмото издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ ќе се одржи на 20 и 21 октомври во Домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип. Годинава ќе настапат Владо Јаневски, Андријана Јаневска, Љубојна, Ламбе Алабаковски и Полина, Бојана Скендеровски, Александар Тарабунов, Симона Попоска, Марија Спасовска…

Ова издание на „Макфест“ ќе понуди повеќе хитови отколку Евровизија оваа година и лани вкупно што понудија, изјави Саздов и додаде дека сите песни се потенцијални хитови и оти зависи од изведувачите како ќе ја исполнат песната пред публиката.

Ќе биде доделена само награда за најслушан хит меѓу два фестивала.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.