Друштвото за македонско-полско пријателство „Висла“ и Државното музичко училиште од Битола, приредија Шопенова вечер по јубилеен триесетти пат во Офицерскиот дом во Битола. На концертот присуствуваа градоначалникот – Тони Коњановски, амбасадорот на Полска во Македонија Krzysztof Grzelczyk, Малгожата Мачковска, претседател на Друштво за македонско-полско пријателство и соработка “Висла“ – Огранок во Битола и други.
Од Културно информативен центар (КИЦ)-Битола информираат дека организацијата и одржувањето на концертот на младите музички таленти, на јубилејната 30. Шопенова вечер е поддржан од Амбасадата на Република Полска во Скопје и Друштвото на музички уметници, ДМУ-Битола.
На концертот шопенови дела ги изведоа дваесетина млади битолски таленти кои се школуваат во Државно музичко училиште – Битола, Марко Буџаковски, Јана Попрцова – Трајковска, Алексеј Белевски, Јане Петровски, Теона Буџаковска, Деспина Куновски, Јана Стојковска, Лина Димовска, Јана Блажевска, Мила Петровска, Софија Михајловска, Кристијана Илиевска, Анастасија Петреска, Давид Стојчевски, Аница Нелоска, Андреа Николовска, Арсениј Ангелески и Димитриј Стојчевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.