Овогодишното 12. издание на фестивалот на свежа, домашна и независна музика „Земјотрес“ ќе се одржи на 3 февруари, сабота во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.
„Се тресеме. Сите заедно. Се тресеме од студ, се тресеме од неизвесност…. се тресеме од извесност. Се тресеме од туѓите избори, од памет не’ вадат нашите избори. Се тресеме 12 години со нашиот Земјотес, се тресеме елегантно, ма прекрасно се тресеме. Скопје е трусно подрачје, совршена сцена за урбана зомби апокалипса во континуитет. Па се тресеме во континуитет. Се тресеме во ритмот на музиката, кожи наежени, младост подготвена да експлодира низ конзервата на ебеното примитивно општество. Се тресеме од општеството, а оидобро ние да го треснеме посред глупата му фаца.
Земјотресно Скопје. Дојдете да се тресеме заедно по 12ти пат во МКЦ, а и МКЦ се тресе. Ладно му е. Додете да го гушнеме. Дојдете да се видиме, гушнеме“, стои во најавата.
Настапуваат: Adi Imeri Trio, Andreja Salpe, ATA, Bal&Kan, DamageControl, Dobrila & Dorian Duo, Donplaya, Gargara, ISKRA, Кенопсија, Културно Уметнички Работници, Lincoln Letter, Luke Levin, MC Kain, Meggy, Mirko Popov, Noviot Pochetok, OVC Kolektiv, The Ooz Band, Trendkill, Visionary.
Настанот почнува во 19, а завршува во 4 часот.
Влезници во претпродажба на bileti.mkc.mk + билетара на МКЦ (први 100 – 300 денари потоа 400 / 500 денари на денот на настанот.)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.