Задоволство ни е да ви најавиме дека после точно 17 години од легендарните концерти во Универзална Сала, Дарио и Миг 21 ќе одржат ексклузивен концерт во Македонската Филхармонија на 17ти февруари.

Концертот е по повод 40 години од кариерата на Дарио, а во склоп на проектите со кои Авалон Продукција слави 30 години постоење.

Македонската публика ќе има можност, во блиска средба со македонската поп легенда, да ужива во многуте безвременски хитови изведени во живо со Миг 21, во уште поатрактивни аранжмани од студиските верзии.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (18ти јануари) од 9 часот наутро онлајн на аvalon.mk и ширум продажната мрежа на Aвалон по цена од:
1.200 денари и
ВИП 1.500 денари

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.