Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб се одржа музејско-музичкиот перформанс „Тоше во срцето на Хрватска“.
Настанот се реализираше во соработка со НУ ,,Спомен-куќа на Тодор Проески“ од Крушево.
Стотици граѓани во текот на целиот ден ја посетија музејската поставка со верба да се продолжи споменот за Тоше Проески – човекот, уметникот, пејачот, гласот кој ги пречекори и ги премости физичките граници меѓу државите, кој покажа дека вредноста на уметничкото дејствување во себе ја содржи онаа моќ, онаа творечка, естетска енергија што не може да се затвори во една средина и во една култура.
На свеченото отворање на изложбата и на музичкиот перформанс присуствуваа високи претставници од МПЦ, претставници на дипломатскиот кор, високи претставници на државната и на локалната власт во Република Хрватска, како и многубројни обожаватели и почитувачи на ликот и делото на Тоше Проески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.