Урнебесната комедија која никого не остава рамнодушен, конечно во Скопје. Музичко-сценскиот спектакл ,,Веселите девојки” во режија на Раде Вукотиќ, а во кој настапува и Тијана Дапчевиќ, на 23-ти март ќе биде изведен на сцената во „Македонска Филхармонија”.

 

Претставата е адаптација на истоимениот американски мјузикл. Тоа е приказна за пет најдобри пријателки од детството, кои повторно се собираат на девојачка вечер, во чест на свадбата на ќерката на една од нив. Освен добро познатите музички нумери како што е музичката соработка со Васил Хаџиманов, претставата ја прави интересна и драмскиот конфликт меѓу двете пријателки, во кој, секако, се вклучени и сите останати. Животните приказни на пет различни жени се испреплетуваат – приказни за среќа и љубов, пријателство и доверба, но и незадоволство.

 

На овој музичко-сценски спектакл ќе настапат Тијана Дапчевиќ, Маја Брукнер, Зорана Павиќ, Јелена Ѓукиќ, Ивана Петерс и Светлана Сретеновиќ.

 

Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите ќе имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.