Марија Данева која публиката ја препознава по моќниот вокал и фантастичните ноќни забави заедно со Stand by Band , одлучија на македонската јавност да и го подарат своето првенче, вчера ја промовираа песната „Љубов“ .
„Љубов“ е авторско дело на Сашо Стојановски (свири на тапани во бендот) во делот на музиката и текстот додека аранжманот е на Бобан Василевски.
Создадовме песна и спот со многу љубов, самата енергија додека ја снимавме песната, позитивната атмосфера за време на снимањето на спотот, синергијата помеѓу сите нас се еден одличен показател кој говори дека сме направиле вистински избор на песна како наше првенче“ – изјави Марија Данева на промоцијата и најави поголема активност со својот бенд на македонската музичка сцена.
Песната си доби свој видео запис кој беше снимен на повеќе локации во Скопје. Се работи за моќна динамична песна во поп рок стил, со рефрен кој освојува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.