Од 1 февруари македонските гледачи Ева Јовановска ќе може да ја гледаат повторно на малите екрани. Таа открива дека по 3 месеци пауза се враќа пред камерите.
Не можам да ви опишам колку сум среќна и возбудена, дефинитивно ми недостасуваше телевизијата иако се работи за кратка пауза. Од 1 февруари гледачите ќе можат да ме следат како водител и новинар во шоуто „Голден Карпет”. Не би сакала да откривам премногу, но можам да истакнам дека следуваат интересни емисии збогатени со многу новитети, вели Ева.
За оние кои ја следат нејзината кариера, знаат дека таа беше манекенка, па танчерка, водителка, ПР…, а каде најмногу се пронаоѓа вели дека не може да даде конкретен одговор.
Секоја бранша истакнува посебен дел од мене и заедно ја креираат мојата личност, моето јас. А и на некој начин сите овие работи се поврзани меѓу себе со што ми се олеснува нивната реализација. Без било која од нив Ева не би била Ева.
Во очекување на нејзиниот нов ангажман вели дека ќе се потруди да донесе нова свежина во емисијата, нешто што до сега не било на малите екрани.
Новитетите почнуваат со мојата рубрика, интересна игра со нашите гости за која повеќе ќе дознаете доколку не следите.
фото Фејсбук
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.