Легендарната рок група „Дивље Јагоде“, доаѓа на концерт во Скопје. Концертот е закажан за 27-ми септември 2024 година во „Македонската филхармонија“, со почеток во 21.00 часот.

Едни од предводниците рокенролот најавуваат незаборавен концертен настан за сладокусците на рок музиката, но и за сите останати почитувачи на добрата свирка. Зеле и екипата ќе ги отсвират и испеат нивните најголеми хитови од почетоците на бендот, па се’ до оние од неодамна излезениот, најнов, 13-ти по ред студиски албум „Прати моје старе трагове“.
Публиката на единствениот концерт кој нема да има реприза ќе има можност да ужива и заедно да ги пее познатите песни како: „Дивље јагоде“, „Стаклени хотел“, „Мотори“, „Чаробњаци“, „Ватра“, „Шејла“, „Коњи“, „Марија“… но и безвременските балади како: „Једина моја“, „Криво је море“, „Паткица“, „Бит ќе боље“… Целото концертно шоу е замислено како елегантен спој на рок ен рол свирка и акустичен „анплагд“ блок, кои бендот ќе ги фузира во еден единствен целовечерен концепт. Богатство од моќни и енергични рифови, нежни и певливи мелодии и квалитетни стихови… Енергија и емоции за сите сетила!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.