LAIBACH, глобално најпровокативниот музички состав и уметнички колектив со авангардна музика и револуционерни настапи, на 4 март 2025, во Македонска Филхармонија, во рамки на ТАКСИРАТ, во живо ќе ја претстави својата нова концертна програма базирана на култниот албум „Opus Dei“, првиот ремастериран албум на групата.

LAIBACH успеа да го трансформира пејзажот на современата музика со комбинирање на политичкиот дискурс со уметноста и музиката.

Оригинално, албумот Opus Dei е објавен во 1987 година како прв за издавачката куќа „Mute“, миксиран од Рико Конинг (Wire, Pere Ubu, Swans, William Orbit) и е албум со кој Laibach стана еден од меѓународно најпризнатите бендови кои се појавиле од поранешните комунистички земји во источна и централна Европа.

Концертот во Скопје е дел од светската турнеја на OPUS DEI REVISITED, но покрај материјалот од „Opus Dei“, Laibach ќе изведе и селекција од своите класици и одбрани песни од деценискиот опус, вклучувајќи ги и објавените пред „Opus Dei“.LAIBACH – секогаш прецизни, монументални, бескомпромисни, уникатни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.