Американскиот рапер Кулио, со вистинско име Артис Леон Ајви Џуниор, почина лани на 59-годишна возраст. Сега е официјално позната и причината за неговата смрт.

Познатиот музичар починал од предозирање со „Фентанил“, потврди претставник на неговото семејство.

Кулио речиси цел живот се борел со астма, а и пушел со години, што придонело за неговата смрт, како и конзумирањето апчиња. Во неговата крв се пронајдени и траги од хероин и метамфетамин. Тој, инаку, беше пронајден мртов во домот на негов пријател на 28 септември 2022 година.

Кулио стекна светска слава по синглот „Gangsta’s Paradise“ од 1995 година. За рап-хитот, беше награден со „Греми“ за најдобра соло-рап изведба и бројни други награди. Таа песна лани достигна една милијарда прегледи на „Јутјуб“. Во 1995. беше прогласена за најпродаван сингл на „Билборд хот 100“ листата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.