Регионалната јавност имаше можност во живо да ја види Кристи Тарлингтон (55) на овогодинешниот Филмски фестивал во Сараево, каде што беше почесна гостинка. Познавачите на модата од деведесеттите се уверија дека секој збор напишан за извонредната убавина на славниот супермодел е вистинит, а таа со годините станува се поубава.

На објавената фотографија позираат супермоделот Кристи Тарлингтон, режисерот Денис Тановиќ и пејачот Боно Вокс со сопругата Али Хиусон на овогодинешниот Филмски фестивал во Сараево.

Грејс Кодингтон, долгогодишната креативна директорка на американското списание „Вог“, еднаш за Кристи Тарлингтон изјави дека е „најубавата жена на светот“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.