Од 19 – 27 август 2024 година, традиционално по 15-ти пат ќе се одржи манифестацијата Карпошово културно лето 2024. На Плоштадот Делфина во Влае секоја вечер ве очекува незаборавна забава со: Андријана Јаневска, Драган Мијалковски, Џон Илија Апелгрин, Леб и Сол, Кокан Димушевски, Силви Бенд, Бенд Вертиго, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Филип Шурбевски и Егзија квартет, Христијан Проданов, Јасмин Алиевски, Аматерски женски хор „Фрида од Македонија“…

Денес, на првиот ден од манифестацијата, од 20:00 часот ќе имате можност да го проследите концертот со наслов „Македонски музички времеполов – Незаборавни евергрини“ во изведба на Националниот џез оркестар, Гудачки оркестар и Радио Буба Мара со солистите Андријана Јаневска, Џон Илија Апелгрин, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Зорица Поп-Анкова и Драган Мијалковски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.