Вечерва (2 април) концерт на андалузиското пустинско блуз трио GUADALUPE PLATA во КОТУР во 21:00!

Андалузиското трио GUADALUPE PLATA минатата година успеа да ја размрда скопската публика во МКЦ, вечерва повторно се во Скопје да го направат истото, овој пат во КОТУР!

 

Guadalupe Plata се активни на музичката сцена последните петнаесетина години. Имаат снимено 6 албуми, неколку синглови, а пред три години објавија и LP со Mike Edison, легенда на garage rock сцената од 80-тите (некогаш тапанар на The Raunch Hands, а денес рокенрол публицист). Неколку слушања се доволни за искусното уво да го препознае карактеристичниот звук на бендот.

Иако нивните песни изобилуваат со влијанија кои се движат од локалното фламенко наследство, преку блуз легендите како што се Hound Dog Taylor, John Lee Hooker, Skip James и Ry Cooder, Captain Beefheart, Spagetti Western и The Gun Club, самиот звук GUADALUPE PLATA е свеж, нов и крајно автентичен, како некои од соништата што ги паметите наутро и се обидувате да ги дешифрирате или запомните.

 

Гитарата на Pedro De Dios пее и емитува други грлати, но и настрани гласови и звуци. Тој е Paco De Lucia со електрична гитара. Неговите психотични теми за гитара се придружени и акцентирани од Carlos Jimena, тапанар со џез квалитети и удар на Ginger Baker. Двајцата се виртуози на нивните инструменти кои се познаваат и свират предолго, а нивната хармонија во живо е на исто ниво со непокајаните браќа Right од NoMeansNo. Затоа концертите што ги приредуваат се рокенрол настани на сезоната. Финале на Champions League во вашиот град!

Пријателски совет од нас – НЕ ПРО ПУШ ТАЈ!

 

Билетите се во продажба на drugastrana.mk и во КОТУР!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.