PMG Jazz Klub со задоволство го најавува концертот на ФИЛИП БУКРШЛИЕВ ТРИО. Очекувајте вечер на експлозивна џез елегичност вткаена во двата студиски албум на бендот: A Disc Jockey’s Crisis of Conscience и All the Sad Word in the Beggar’s Dictionary. Концертот ќе се одржи денес, со почеток во 21:30 часот во Лабораториум.
Исклучителна можност да ги чуете во живо:
Филип Букршлиев /гитара/
Андреа Мирчевска /контрабас/
Славчо Коцев /тапани/
Влезот е слободен.
ФИЛИП БУКРШЛИЕВ ТРИО е слободно-пловечка џез трио формација предводена од гитаристот и композитор Филип Букршлиев, конструирана како платформа за вентилирање на неговата горешта опсесија со трогателни џез балади и исклучително световни гитарски соло делници. Членовите на ова трио сте ги гледале во состави како Taxi Consilium, Летечки Пекинезери, Пијан Славеј, Fighting Windmills и Строг Пост. На овој концерт покрај материјалот од нивниот деби албум „A Disc Jockey’s Crisis of Conscience“ [PMGJazz/2020] конечно ќе бидат отсвирени и композициите од вториот албум „All the Sad Word in the Beggar’s Dictionary“ [SJF Records/2023] за кој што неколку луѓе, од домашната сцена и од странство, без принуда или било каква уцена, сосем неповрзано и без заедничка агенда – се сложија дека всушност е добар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.