Вечерва, со почеток од 20 часот, во летната бавча на Вински музеј Кавадарци, во Градскиот парк Кавадарци ќе се оддржи целовечерниот концерт „60 години рок музика во Кавадарци“. Концертот е во организација на Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци, а е поддржан од локалната самоуправа на општина Кавадарци.

На концертот ќе настапат рок групи и рок музичари кои од самите почетоци на свирење рок музика во Кавадарци се присутни на сцената, некои од нив и ден денес активни. Ќе настапат рок групи од сите генерации низ времето, од најстари до најмлади.

Влезот е слободен.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.