Повеќе од 80 дела од уметничката колекција на големиот француски кинематографер Ален Делон ќе бидат изложени во повеќе градови низ светот пред аукциската продажба на 22 јуни, соопшти аукциската куќа во Париз која ќе ја организира продажбата.
Колекцијата, која се проценува на околу пет милиони евра, содржи слики, скулптури и цртежи од италијанската ренесанса.
Колекцијата ќе биде претставена за време на патувачка изложба во мај и јуни во Њујорк, Хонг Конг, Женева, Лондон и Париз.
“Првиот цртеж го купив во 1964 година, поточно во Лондон. Со текот на годините се здобив со цртежи, слики и скулптури кои ме трогнаа, зборуваа со мене, а понекогаш дури и ме тешеа. Тие дела ме придружуваа долги години и се дел од мојот живот“, изјави Делон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.