„Киша је падала“ е насловот на новата песна која ја отпеа Кики Рахимовски и ќе ја промовира во Скопје каде ќе ја прими наградата која Македонскиот олимписки комитет постхумно ја доделува на неговиот татко.
По успешната љубовна балада „Сузе небеске“, нема сомнеж дека оваа нова балада ќе ги освои и срцата на неговите обожаватели и следбеници во целиот регион.
Музиката и текстот ги напиша самиот Кики, а за аранжманот се погрижија Саша Миочиќ и Елвис Сршен. Спотот се снимаше во Студио Хангар во Загреб, а на Кики и на неговиот бенд им се придружи и убавата Амела Броз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.