„Џои фест“ и годинава вообичаено, две вечери, но место на градскиот стадион журката се враќа на градскиот плоштад  на 23 и 24 август.

По минатогодишниот јубилеј, за која журка се уште се зборува, оваа година на програмата ќе бидат застапени претежно домашни музички ѕвезди.

Првата вечер, на 23 август ќе настапат „Суперхикс“ и „Конкверинг лајон“. Втората вечер, на 24 август фестивлот ќе го отворат „Кисити“, потоа ќе настапат „Парампарчад“, гостите од Црна Гора – „Бубњеви и пси“, а главната ѕвезда годинава ќе биде Калиопи, која ќе го затвори фестивалот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.