Со промоцијата на композицијата „Како во сон“, дуото Силви бенд ги најави новите проекти за оваа година. Песната отскокнува од досега познатиот звук на Силви бенд и има лесна џез димензија, што ја прави особено шармантна.

„Како во сон“ е резултат на музичката работилница Мучиќ – Плевнеш. Музиката ја напиша Бобан Мучиќ, братот на Силви, текстот е на Силви Мучиќ Плевнеш, а аранжманот на Влатко Плевнеш.

Во изведбата на оваа сентиментална композиција, за која Силви вели дека е „создадена со многу љубов“, и се придружува и Џон Илија Апелгрин. Тука е  и охридскиот гитарски виртуоз Дамјан Пејчиновски . Спотот е сниман во Охрид со ИН продукција .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.